Други плочи

Производител Falco- Унгарија
Опис

Табла изработена од борови дрвни струготини и Портланд цемент сврзани со специјална смола под висок притисок и топлина. Во текот на производството вграден е адитив за брзо сушење на влажните табли.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Особини

■ Висока отпорност на абразија и удари,
■ Отпорност на влага и подмрзнување,
■ Отпорност на габи, мувла и инсекти,
■ Огно-отпорен материјал,
■ Има звучна и топлотна изолација,
■ Не содржи формалдехид и азбест,
■ Лесни обработливи способности,
■ Издржлив, и
■ Еколошки материјал (може да се рециклира).

Примена

■ Обложување на надворешна фасада,
■ За плафони и подови,
■ Одвојување на внатрешен простор,
■ За шалување,
■ За употреба во лесните и традиционалните градежни системи.

Димензија Цена на табла по дебелина
10 20
2800×1250 1,712 3,450
Искривување и свитливост на таблите

Betonyp е отпорен на временски влијанија. Содржината за израмнување на влагата на таблите се менува во зависност од временските услови, а ова може да доведе до искривување на таблите и промена на нивната димензија. Различните климатски услови на горната и долната површина на таблата може да резултира со свитливост.

Штом се отвори палетата или таблите се постават на вистинското место, мораат веднаш да се фиксираат.

Веќе отворените палети мора повторно да се зацврстат (затворат), или врз нив да се постави уште една палета.

Подна примена

Небрусените Betonyp табли имаат висока разлика на нивната дебелина (± 0,7 ~ ±1,5мм), за подно поставување се препорачува да се употребат брусените табли со жлеб и јазиче. Додека се растовара палетата мора да се води сметка долната површина да се постави како горна површина. Поради димензиско движење на таблите, потребно е да се постават и тампон врски (помеѓу ѕидот и таблите, во поголеми простории се препорачува да се постават тампон врски на секои 20-30м²).

Штом се отвори палетата или таблите се постават на вистинското место, мораат веднаш да се фиксираат.

Поставување на плочки

Ќерамички плочки не можат да се постават директно на Betonyp таблите. Конструкцијата што ги држи таблите мора да биде многу стабилна и мора да се постават доволно тампон врски. Помеѓу Betonyp таблите и ќерамичките плочки мора да се постави еластичен материјал. (пример X P S, Импрегнирани гипсени табли, и друго).

Челична конструкција

Промена на климатските услови може да доведе до искривување и на Betonyp таблите и на челичната конструкција.

Од несоодветна конструкција можни се искршувања и пукнувања.