Новости

Деновиве Солопром претстави нова група на производи во кујнскиот сегмент. Па, со досегашните плочести материјали и кујнска галантрија може да одберете од понудата на електрични уреди од шведскиот бренд Electrolux. Компанија која е глобален лидер во уредите за домашна употреба, уреди базирани врз длабок увид на потрошувачите и развиени во блиска соработка со професионални корисници.

Понудата ја сочинуваат група на:

вградни мултифункционални рерни со свои уникатни особини,
вградни индукциски и плински грејни плочи,
вградни машини за миење на садовите,
аспиратори,
вградна микробранова печка
самостоечки шпорет, и
вградни и самостоечки фрижидери.

Електролукс кујна

Солопром е познат по својата понуда на високо квалитетни и ексклузивни материјали и производи. Со уредите на престижниот Electrolux уште повеќе го поткрепува фактот дека и понатаму ќе продолжи со досегашната политика за висок квалитет.

Сите сакаме во една продавница да најдеме се што ни е потребно. Со овој потег пробуваме поблизу да го донесеме и овој дел од кујнскиот сегмент заштедувајќи Ви скапоцено време и енергија. Ќе бидеме среќни доколку Ви помогнеме со ваквиот потег, во спротивно би Ви биле благодарни за укажаната шанса.