Новости

Системот ELEVATE е произведен со цел да се подобри и зачува здравјето на вработените. Овој систем со висинско подесување за неколку секунди ќе ја промени својата положба од седечка во стоечка. ELEVATE го сочинуваат ногарите со три нивоа кои кријат мотори кои ја регулираат висината на бирото, почнувајќи од минималните 615 до максималните 1280 мм во височина. Механизмот за подигнување е веќе поврзан и доволно е само да се поврзат останатите компоненти со едноставно втискување на каблите со електричкиот уред и командата која се монтира под работната површина.
Достапен е во сив финиш.

Технички податоци

- Висина на подесување: од 615 ~ 1280 мм
- Фиксна ширина на системот: 1600 мм
- Работен циклус: 10,000 сертфицирани
- Тежина на подигнување: 80 кг. (800N)
- Брзина на подигнување и спуштање: 38мм/сек.
- Волтажа: EU 230V / 50Hz како стандард

Elevate
Elevate