Новости

Во дрвната индустрија, квалитетот на дрвните компоненти е одлучувачки фактор кај потрошувачите. Покрај декорот и ефектот кај траките, една од најважните аспекти на кантирањето е изгледот на спојот на траката со панелот. Не треба ни да споменеме дека треба да биде одлично обработен, цврст и издржлив.

Кантрањето со реактивен полиуретан се докажа како посупериорен метод за разлика од останатите методи на кантирање. А ова го покажуваат бројните технички и визуелни предности – високата и издржлива леплива врска, отпорност на влага и топлина, тенкиот спој помеѓу траката и панелот. Производителите на кујни и елементи во купатилата ги препознаа овие предности и сега преминуваат на производство со PUR кантирање.

Во Солопром секогаш се стремиме да понудиме на клиентите висок квалитет и најнова технологија во припремата на панелите за внатрешно уредување. Горди сме што сега услужниот погон го опремивме и со современа кантерица со PUR врска од Германскиот бренд Хомаг.

Што значи ова за Вас?

Технологијата со PUR (Polyurethane Reactive) лепење е крајно решение каде се бараат цврстата леплива врска и високата влаго-отпорност. Идеално за кантирање на оплеменета иверка и медијапан, кујнски плотни и друго. Покрај очигледната примена во кујната, ваквото кантирање е одлично решение и за елементи во купатилата, каде кантирањето со стандарден лепак не е погодно.