Новости
Почитувани,
Ви претставуваме колекција на 26 декори на оплеменета иверка од Италијанскиот производител SM’art.
SM’art е динамична, Италијанска компанија која постојано се развива со имплементација на нов пристап во производството со вклучување на современи технологии, управувањето и непресушниот креативен талент, преку создавање на нови трендови со своите нови декоративни решенија во сегментот на плочести материјали за ентериери.
Сите декори се издвојуваат преку својата длабока и реално-синхронизирана структура која, заедно со текстурата на декорот, создаваат плочи со изглед и чувство на вистинско дрво, мермер, текстил.
КОЛЕКЦИЈА OLYMPUS
Olympus е прекрасна колекција на прекрасни декори на мермер со силен иновативен карактер.
КОЛЕКЦИЈА NIRVANA
Nirvana е колекција на декори инспирирани од разни материјали и длабока структура синхронизирана со декорот.
КОЛЕКЦИЈА URBAN
Плочи со финиш издлабен од раката на времето и буди метрополитски сценарија
КОЛЕКЦИЈА TRAMA
Пријатна текстура со мат-структуриран финиш комбиниран со прекрасни нијанси на текстил.
КОЛЕКЦИЈА ANILINE
Колекција на светли, свежи и забавни бои со длабока синхронизирана структура на годовите дрво.
КОЛЕКЦИЈА MANHATTAN
Елегантна и екстремна, ова е колекцијата Manhattan. Трите нивоа на мат рефлексија Ви даваат опипливи и визуелни сензации.
КОЛЕКЦИЈА CLUB
Колекцијата Club е олицетворение на дрвните дизајни со синхонизирана структура. Текстурата со нејзините јасни пори и различни нивоа на рефлексија создава топол и пријатен ефект.