Лизгачи за фиоки и додатоци

Производител GRASS – Австрија
Опис

Кога ќе ја отворите иновативната Vionaro фиока ќе најдете дизајнерски производ со тенки страници. Страниците имаат дебелина од само 13 мм изработени од материјали од највисок квалитет и нудат фиока со голем простор за складирање. Vionaro фиоките се опремени со скриени лизгачи од брендот Dynapro. Целосно извлекување на фиоката со исклучителни работни перформанси, меко затварање и носивост со капацитет од 40кг. Vionaro е комплетен систем за фиоки за модерниот мебел. Во 2014-та година Vionaroе добитник на наградата Reddot која се доделува за финкционалност, иновативност, квалитет и еколошка компатабилност.

Особини на страниците

■ 4-димензионално подесување
■ Интегрирано странично, висинско и накосено подесување
■ 90° агли на страниците
■ Страници со дебелина од 13мм
■ Боја на страници: Бела мраз и Антрацит
■ Монтажа на лицето без употреба на алат

Особини на лизгачите Dynapro

■ Носивост до 40кг.
■ Меко затварање
■ Целосно извлекување

Напомена

Во цената се вклучени само металните страни и останатите делови потребни за да се изработи фиоката. Иверката се нарачува посебно.

Ценовник

Овде симнете ПДФ документ и погледнете ги цените.