Новости

Најновата колекција на Кроношпан Trends 20/21 е збирка на возбудливи дизајни со воочлив карактер на декорите со најреални текстури и живост во боите.

Темата City Vibes е платформа на изглед инспирирана од четири светски најиконски градови. Нивната карактеристична динамика ги исполнува декорите со боја, текстура и интензитет.

Барселона е испонета со вкус и боја. Живописноста на градот беше инспирација да се создадат декори на даб со експресивен изглед на даски и сив мермер (Grey Atlantic Marble) кој го буди урбаниот стил во секој ентериер. Безвременоста на Барселона и убавината на стареењето се отсликани на излитените текстури на Concrete Flow и Charcoal Flow. И двата декора нежно ја фаќаат светлината и ја намалуваат бојата на дополнителен урбан изглед.

Милано е град со многу импресии, место на бизнис и култура. Неговата софистицираност може да се забележи во богатиот израз на Брестовите дизајни кои додаваат раскош, додека декорот Silk Flow носи длабочина на одразот на светлината. Црниот мермер Noir Deluxe со вени во светла нијанса е дополнителниот допир на луксус кој станува фокална точка и прави секој простор да се чувствува возвишено, а сепак елегантно.

Москва е современ град со измешани влијанија, идеи и можности. Тековниот тренд кон ентериери со богата текстура и бои е природен начин на примена за Дабовите декори на Honey и Cognac Castello. Овие декори на даб се совршена комбинација на годови и бои. Декорот Rusty Flow и неговиот металик финиш одлично се вклопува со светлите нијанси. Cream Navona носи поголема елегантност и нуди мал поглед во високиот животен стандард во Москва.

K367 Cream Navona
Плотна

Динамичниот дух и енергија на Варшава беа инспирација овие декори да имаат поживописни бои и изразита текстура. Декорот Espresso Harbor Oak има излитен изглед и меки дрвни линии кои додаваат живот на останатите тонови, додека Coast Evoke Oak се наметнува со неговата текстура на дрвните годови. Футуристичкиот изглед го краси декорот Cloud Nebula изразена преку меки бели и бежови нијанси, а преку енергијата на Iron Flow да вметнете индустриска динамика.

Стандардни кујнски плотни

Кујнски плотни со АБС трака