Новости

Италијанската групација Plados-Telma е една од големите производители на кујнски мијалници во светот, која поседува два важни интернационални патенти во врска со употребата на фотокаталитички титаниум диоксидни нано-молекули (TiO2). Оваа технологија на производство на мијалници, се употребува веќе 6 години и се води под називот ARIAPURA.

ARIAPURA – технологија со молекули од Титаниум диоксид (TiO2)

Главните придобивки од употребата на титаниумовите диоксидни молекули е да предизвика моќна фото-каталитичка реакција. Во пракса, во присуство на природна или вештачка светлина, титаниумовите диоксидни молекули, преку феноменот на фотокатализа, ги напаѓа и трансформира присутните загадувачи, преку сложен процес на распаѓање. Ова значи дека органските компоненти кои предизвикуваат непријатен мирис во кујните можат да се разградат во молекули без мирис. Дури и загадувачите како ситна прашинка, јаглерод моноксид, сулфур диоксид, азот оксид, мувла, микроорганизми, бактерии, а според најновите истражувања, истотака, и вирусите можат ефикасно да бидат елиминирани со помош на фотокаталитичкото дејство на TiO2, вклучувајќи го и новиот корона вирус SARS-COV-2 (COVID-19).

Поседувањето на горе споменатите патенти и овозможува на групацијата Plados-Telma да произведува, уникатни во светот, мијалници опремени со титаниум диоксидни молекули. Мијалник со овие особини овозможува на дишете здрав и чист воздух во Вашиот дом, го заштитува Вашето семејство и помага во забавување на ширењето на бактериите, микроорганизмите и вирусите, вклучувајќи ја инфлуенцата и најопасните како SARS-COV-2 (COVID-19).

Научни трудови кои потврдуваат дека TiO2 ги уништуваат бактериите и вирусите

За истакнување е истражувањето со наслов „Photocatalytic inactivation of influenza virus by titanium dioxide thin film (Фотокаталитичка инактувација на вирусот на инфлуеца преку тенок слој на титаниум диоксид)“ спроведено од тим истражувачи и објавено во добро познат научен журнал „Photochemical & Photobiolocical Sciences“. (Nakano, Ryuichi & Ishiguro, Hitoshi & Yao, Yanyan & Kajioka, Jitsuo & Fujishima, Akira & Sunada, Kayano & Minoshima, Masafumi & Hashimoto, Kazuhito & Kubota, Yoshinobu. (2012). Photocatalytic inactivation of influenza virus by titanium dioxide thin film. Photochemical & photobiological sciences : Official journal of the European Photochemistry Association and the European Society for Photobiology. 11. 1293-8. 10.1039/c2pp05414k.)