Новости

Kinvaro D-M е систем за бифе вратички – производ на австрискиот Грасс, производител на премиум системи за отварање на вратички и фиоки. Kinvaro D-M ги отвара и затвара вратичките со спуштање, односно, со поддигнување.

Вратичката за механизмот е поврзана со сајла преку која се подесува и аголот на отварање на вратичката. Дури и моментот на спуштање и поддигнување на вратичката може да се подеси по Ваши потреби преку интегрираната пружина (4 нивоа на моќност: 60N, 100N, 160N и 200N).

Во зависност од тежината на вратата (максимум д 10 кг., а димензија од 200 до 480 мм) може да поставите еден или два механизми, во хоризонтална или вертикална положба. Минималната длабочина на елементот е 110 мм ако механизмот е поставен вертикално. Во зависност од моќноста на механизмот цената на еден механизам Kinvaro D-M почнува од 2,400 до 2,600 денари. Едно капаче, без разлика на бојата, се продава по цена од 175 денари.