Новости

Солопром ја прифати новата технологија на невидлив спој во кантирањето со претставување на 20 декори специјална АБС трака за кантирање од Рехау. Оваа напредна технологија овозможува спој преку употреба на топол воздух – што е случај со нашите кантерици. Топлиот воздух го активираат или топат обработливиот слој на траката, а потоа под притисок ја натиснуваат на кантот на панелот. Бидејќи обработливиот слој на траката одговара со нијансата на панелот крајниот резултат е воедначено парче, без видлив спој.

АБС траките може да ги погледнете на ОВДЕ.

Солопром е првата компанија во Македонија која вклучи кантирање со употреба на топол воздух. За оваа цел започнавме соработка со компанијата Рехау преку која обезбедивме специјална АБС трака. Започнавме со 20 декори на траки за плочи кои најчесто се употребуваат за вратички во мебелот.

Со претставувањето на оваа технологија во Македонија, Солопром овозможи екстремно цврста врска на кантираните парчиња и повисока отпорност на влага и топлина, а да не го заборавиме супериорниот финиш и визуелно привлечниот, невидлив спој на траката со панелот. Како и кај кантирањето со PUR средство, кантирањето на топол воздух е многу популарно во кујните (вратичките и ламинатната работна плоча), тоалетите и купатилата, сталажи во продавниците, салоните за убавина и берберниците, продавниците и слично.