Новости

Ви ја претставуваме новата серија на вагонетки – Ikona од италијанската компанија INOXA. На прв поглед вагонетките од серијата Ikona се издвојуваат со својот линеарен дизајн кој придонесува во градење на елегантна и високо-квалитетна атмосфера во Вашата кујна.

Од функционална гледна точка, техничките решенија на Ikona значително ја подобруваат употребата на внатрешниот простор на Вашите кујнски елементи и ќе Ви овозможат дополнителен комфор при работа. Дизајнот на правите агли на корпите го оптимизира внатрешниот простор, правејќи ја секоја полица Ваш совршен сад за складирање.

При дизајнирањето на серијата Ikona INOXA започна соработка со компанијаta GRASS – која е австриски производител на врвни системи за отварање на вратички и фиоки. Скриените лизгачи Nova Pro на GRASS се интегрирани во дизајнот на вагонетката и имаат капацитет на носење до 40кг.

Вагонетките од оваа серија доаѓаат во антрацит финиш, добиен со фарбање на алуминиумот со фина епоксидна прашина. На прв допир површината Ви остава пријатно чувство, а преку константната работа ќе се уверите во нејзината исклучителна отпорност. Дното на корпите го прави панел од меламинска оплеменета иверка.

Фабричката понуда е голема, сепак првично се одлучивме да Ви понудиме 4 модели на вагонетки од оваа серија кои најчесто се бараат во кујнските проекти. Една висока вагонетка на извлекување со 5 полици (859А), две за стандардни кујнски долни елементи, за складирање на шишиња, конзерви, кутии и друго (7102KY и 7104KY). А нов начин на складирање Ви претставуваме преку моделот Compact 839BK кој на фантастичен начин ќе Ви овозможи да го пополните аголниот дел во кујната, а во исто време со голема леснотија да дојдете до складираните работи.

INOXA – Доверлив партнер за секоја кујна

Повеќе од 30 години италијанската компанија INOXA произведува серии на кујнски производи кои се истакнуваат по својот дизајн и квалитет во изработката. Ова се решенија кои ја комбинираат потребата за максимално искористување на просторот за складирање во кујнските елементи со практичност и функционалност. Со употреба на најдобрите сирови материјали и специфична опрема, но и квалификуван персонал, INOXA нуди широк избор на кујнски вагонетки кои ги пресретнуваат најразличните потреби за оптимализација на просторот на долните кујнски елементи, колумните и аголните елементи.