Новости

Широкото поле на примена е најголемата предност кај црната боја. Го истакнува најдоброто кај модерните ентериери и му дава акцент на уникатниот карактер на класичните елементи. Може да се комбинира речиси со секоја боја, оттаму, може да ја употребиме како боја за целиот ентериер или само кај декоративните окови. Изборот зависи од нашиот вкус, чувството за естетика, но и големината на домот. Не е важно од кој материјал ќе биде изработен мебелот во ентериерот, бидејќи црната боја совршено се спојува со секој од нив: дрво, камен, тула, мермер или керамика.

Без оглед до кој степен ќе одлучиме да користиме црната боја во ентериерот на нашиот дом, вреди да се потсетиме на деталите. Овие детали ја одредуваат особеноста на ентериерот, па затоа никогаш не треба да ги заборавиме овие мали детали како рачките, закачалките, ногарките, држачите за полици и сл. Без разлика дали зборуваме за црно во бањата, во кујната или во трпезаријата, црните додатоци за мебел ќе го истакнат модерниот и елегантен карактер на ентериерот.

Ви ја презентираме најновата колекција на декоративни елементи во црна боја за Вашиот мебел. Производител е Полската компанија Гамет која успешно ги спојува челикот, црниот галванизиран финиш и дизајнот на своите производи кои на Вашиот мебел ќе му дадат уникатен лик.

Кликнете на сликата на каталогот долу и погледнете ја понудата…