СОЛОПРОМ ЦДЦ КАТЛАНОВО Големопродажба и дистрибуција

Растот на индустријата фокусирана на материјалите за мебел со себе донесе револуционерни решенија на плочести материјали во привлечни современи и уникатни дезени и намена, како во јавнот така и во приватниот сектор. Појава на разновиден оков со декоративен и естетски дизајн, но и тие со функционална природа за подобро искористување и пополнување на просторот за живеење.

Секако, овие промени во светот се одразија и во Република Македонија, а појавата на зголемениот интерес за искористување на благодетите кои ги нудат овие производи само повеќе ја распалија идејата за проширување на бизнисот преку целата република.

Во 2004 год. , Солопром отвори уште едно продажно место – специјализиран дистрибутивен центар за големопродажба, на 20км од Скопје, на автопатот Скопје-Гевгелија. Овој проект ги пресретна барањата од страна на локалните дистрибутери и големи клиенти, кои се лоцирани надвор од Скопје.

Денес дистрибутивниот центар работи со исполнет капацитет. Заедно со целосната посветеност на вработените со исполнување на зададените работни цели опфатени во организационата шема прави да сме горди што од нацрт идеја успеавме да создадеме една успешна и амбициозна фирма.

  • Адреса : Ул.1 бб, Катланово – Скопје
  • тел.:+389 (0)2 26 28 870
  • факс.: +389 (0)2 26 00 017
  • E-mail: distribucija@soloprom.com.mk
  • Работно време
  • 8:00 – 16:00 часот (пон. – пет.)
  • 8:00 – 14:00 часот (сабота)