БУТЕЛ 1 Малопродажба, изложбен салон и услуги

Солопром д.о.о. е основана во 1991 год. Со своето основање Солопром го промовира новиот концепт на продажба и услуги во дрвната индустрија на македонскиот пазар, со пионерска имплементација на бизнис концептот СЕ НА ЕДНО МЕСТО. Со тоа станавме промотори на овој бизнис концепт на македонскиот пазар, фокусирани на сегментот на средна до висока класа на материјали и производи.

Големиот избор на плочест материјал, оплеменета иверка во преку 150 дезени и во различни дебелини, разни медијапан табли (сурови, фурнирани), лесонит табли, фурнирани флахс ленени табли, кујнски работни маси или маси за канцелариски бирá и др.
Уште побогатиот избор на оков за мебел, од намало штрафче до најсофистичиран шиберски систем. Механизми кои воодушевуваат со нивниот дизајн и функционалност. Декоративен оков (рачки, закачалки, кваки и др.) со привлечни хармонични линии.

Ова е само дел од обемниот избор на технички и функционални материјали за ентериери кои ги ниди малопродажниот сектор на Солопром. Материјали од познати светски и европски фирми со долга историја, познати по константниот квалитет и напредок на технологијата за производство на нивните материјали. Токму нашата грижа на Македонскиот пазар да се донесат високо-
квалитетни материјали, како и беспрекорната услуга на вработените, постојаниот развој на фирмата со цел да ги пресретне барањата на клиентите, прави да сме ПРВИОТ избор на секое физичко и правно лице.

  • Адреса : Ул.Душко Поповиќ бр.1, Бутел – Скопје
  • тел.:  +389 (0)2 26 28 870
  • тел.:   +389 (0)2 26 14 030
  • факс.: +389 (0)2 26 00 017
  • E-mail: contact@soloprom.com.mk
  • Работно време
  • (пон – пет) 8:00 – 19:00 часот ( за подигање на материјал до 16:30 )
  • (сабота) 8:00 – 13:30 часот