Витрина

Создадена да биде креативно место во јадрото на Скопје. За инспирација и реализација на креативноста на архитектите и дизајнерите на уникатни ентериери од висока класа.

Интересна е таа магија наречена „Идеја“. Искрата на секој проект создаден во светот. Ја носиме на нашите тела во вид на облека, ја гледаме на зградите и објектите кои секојдневно ги одминуваме, домовите кои ги посетуваме или живееме. Ќе ја почувствувате веднаш штом зачекорите во нашиот салон. Додека уживате во разгледувањето на изложените материјали, добивате чувство на неизмерна возбуда и слобода да создавате. Посебно место каде потребата за материјализација на идејата резонира на поинаква френкфенција отварајќи затворени врати или осветлувајќи нови, досега неоткриени и неистражени.

Сега и Вие имате можност преку нашата Премиум селекција на материјали да ја изразите вашата креативност. Високо фунционални механизми за кујни и спални соби, декоративни рачки со додадени елемeнти на Swarovski, гранитни мијалници со Aria Pura технологија, осветлувачки уреди со посебна намена во ентериерот, Motion-V уникатен систем за отварање на плакарски врати заедно со голем избор на плакарски додатоци, преку 100 дезена на високо испресувана ламинатна фолија како и исклучително цврстиот компактен ХПЛ, дизајнерски исполни и композитни панели за беспрекорно-елегантни дизајни, и секако, избор на оплеменета иверка со несекојдневни дезени. Дел од овие артикли се производ на долгорочна соработка на повеќе производители за материјали за мебел со дизајнерски имиња познати во светски рамки.

  • Адреса : ул. Душко Поповиќ број 1, 1000 Скопје
  • тел.: +389 (0)2 26 14 030
  • E-mail: admin@soloprom.com.mk
  • Работно време
  • 8:00 – 18:00 часот (за нарачки до 16:00 часот)