- Дали имате свои мајстори за изработка на мебел?
-
Солопром е фирма која се бави со продажба на репроматеријали за ентериери и врши услуги како, кроење, кантирање, разни обработки на ЦНЦ машина и др.
Доколку сакате да опремите некој дел од Вашиот стан на вас останува да најдете архитект или дизајнер, столар или фирма која се бави со производство на мебел.
- Дали фарбате Медијапан (МДФ)?
-
Во моментов немаме таква услуга. Засега ќе мора да најдете столар кој има искуство со обработка и фарбање на медијапанот.
Услуги кои во моментот можеме да ви ги понудиме за медијапанот се:
• кроење на таблата;
• кружно сечење на ЦНЦ машина (ровер);
• заоблување на ивиците на парчињата на ЦНЦ машина (ровер);
• гравирање на шара на површината на парчињата и др.
• 3D пластифицирање. - Дали вршите испорака на скроениот материјал?
-
Засега за подигнување на искроениот материјал мора Вие да обезбедите возило (кола, комбе, камион).
- Дали вршите услуга бушење на плотните за мијалници и електрични уреди?
-
Веќе долго време во нашиот инвентар на машини е вклучена и ЦНЦ машина преку која извршуваме голем број на услуги како, кружно сечење, профилирање, бушење на шарки, и да, правиме отвори за мијалници или разни други електрични уреди.