Мијалници

    Како се одржуваат гранитните мијалници?

    Правилното и редовно чистење овозможува долго да го сочуваме изгледот и функционалноста на гранитниот мијалник. За чистење користете исклучиво мека крпа и течен детергент. Може да користите и специјални средства за гранитни мијалници за кои произведувачот има наведено декларација дека не се абразивни.

    Се препорачува после користење мијалникот да се забрише со сува мека крпа за да се спречи настанување на флеки од водениот каменец на површината.

    Во случај да настанат флеки од воден каменец, може да се отстранат со 20% оцет, течен детергент и вода.

    За да избегнете настанување на флеки на површината на мијалникот, не дозволувајте подолго време да остане масло, храна, кафе, овошје, овошен сок, оцет, сенф и слично.

    Забрането е ставање тенџериња или други садови дирекно од шпорет затоа што температурата на нивното дно може да достигне и до 300 °С, и истите можат да предизвикаат трајни флеки и оштетувања.

    Потребно е повремено да го исчистите од каменец насобран кај сифонот. Наслагите кои се собираат околу тој дел може да предизвикаат неправилно функционирање на сифонот.

    Забрането е користење на сите хемиски средства кои не спаѓаат во кујнски како санитарните средства, белилата, алкохолот, бензинот, разни киселини, бази или абразивни средства за чистење.

    Забрането е користење на челични жици и груби сунѓери.

    Одржување на ростфрајните мијалници?

    Нерѓосувачкиот челик 18/10 е материјал кој овозможува обработки со голема убавина, квалитет, хигиена и отпорност. Одржувањето и чистењето со соодветни средства и вистински процедури се од голема важност особините на овој материјал да останат непроменети.

    За подобро зачувување на Вашиот мијалник потребно е:

    • Убаво да се исчисти мијалникот после секоја употреба со вода, сапун или неутрален детергент. Сушењето е екстремно важно. Затоа употребете мека крпа.
    • Не сечете ништо врз површината на мијалникот.
    • Не оставајте сунѓери, метални предмети, гумени ракавици, детергенти или киселини за чистење, ниту остатоци од храна врз мијалникот. Продолжената изложеност може да доведе до корозија.
    • Не оставајте топли предмети како, тенџериња или тави врз мијалникот.

    ВАЖНО: Во некои случаеви нерѓосувачкиот челик може да ги загуби своите својства, не поради неговиот квалитет, туку поради неправилно следење на процедурите за чистење и одржување.

    Која дебелина е иноксот на мијалниците и со кој квалитет е?

    Кога ќе одлучите да купите мијалник од ростфрај и го посетите нашиот салон најпрво ќе забележите дека поседуваме голем избор, потоа ќе го забележите нивниот облик и на крај ќе ја забележите разликата во цена.

    Може да забележите дека постои и разлика во цена помеѓу мијалници со слична форма (пр, мијалник со една дупка и одмаралиште)

    Зошто се јавува таа разлика?

    Тоа е поради дебелината на материјалот (ростфрајот) и начинот на производство. Ќе забележите дека мијалниците со плитки корита се изработени од тенок ростфрај (0,5 мм), затоа и овие мијалници се најевтини.

    Веќе сфаќате дека мијалниците со најдлабоки корита (220 мм) користат најдебел ростфрај (0,8 мм) и затоа цената им е повисока.

    Да не дојде до забуна, ростфрајот е со ист квалитет кај сите мијалници. За изработка користен е секогаш сигурниот и проверен ростфрај 18/10, кој може да биде во полирана, мат и декор варијанта.