Е-нарачки

ИЗМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА ПРИЕМ И ОБРАБОТКА НА ПОРАЧКИ ВО УСЛОВИ НА COVID-19

Почитувани Клиенти и Соработници,

Во текот на изминативе месеци превземавме низа мерки за да се заштитиме себеси, нашите вработени и Вас, како Наши клиенти, и се однесувавме одговорно согласно препораките на надлежните институции. За жал ситуацијата не стивнува и очекувањата се дека кризата и опасноста од Ковид 19 ќе се продлабочат. Тоа значи дека со сигурност ќе се соочиме со зголемен ризик од заболување, отсутност на колеги од работа, отежнато функционирање, евентуални мерки за карантин од страна на надлежни институции и слично.

Поради тоа, Солопром како одговорен работодавач и Ваш партнер, превзема дополнителни мерки за заштита на своите вработени и клиенти со превземање на следните чекори:

»» Минимизирање на контактите помеѓу Вас и нашите вработени со примање на порачки преку:

За таа цел Ви приложени се линкови од нашиот електронски образци за пополнување на спецификациите, и ПДФ документ со упатство како да го пополните.

Образци за пополнување Кројна Листа

»» За полесно пополнување на образците изработивме писмени и видео инструкции. Секако на располагање имаме емаил адреса и телефонски број на кој детално ќе Ви биде објаснето како да ги креирате порачките. Овој начин на порачки го работиме со одредени клиенти веќе неколку години и не постои никаква пречка во нашето функционирање.

Видео упатства за пополнување на образецот

»» За покомплексни порачки, кои вклучуваат обработки на ровер, ќе овозможиме видео врска со најискусните колеги. Доколку тие проценат, ќе вклучиме директна врска со операторот на ровер за да се избегнат било какви грешки.

»» Распоредување на вработените во тимови, на различни локации такашто тимовите ќе немаат меѓусебен контакт. Поради потребата од простор за поделба на тимовите, подружницата во Кисела Вода ќе биде затворена за посета од крајни инвеститори за избор на материјали. Тоа ќе можат да го направат само во салонот во Бутел, каде што го продолживме работно време за посета на клиенти до 19:00 часот во работните денови од понеделник до петок, а во сабота до 13:30 часот.

»» Издавање на изработени материјали и оков со минимален контакт помеѓу Вас и нашите вработени. За таа цел, ја превземаме одговорноста да Ви ги издадеме изработениот плочест материјалот и оковот на едно место. Она што сметаме дека ќе биде дополнителна погодност за Вас е што ќе може Вашата порачка да ја подигнете во било која подружница, во согласност со капацитетите кои ни се на располагање и во согласност со рокот кој Ви е Вам потребен.

Од пресудно значење за нас е Вашата поддршка и соработка, за која ние можеме најодговорно да тврдиме дека нема да се одрази на квалитетот на нашата услуга. Подготвивме тим кој ќе се погрижи детално да бидете информирани за начинот на кој ќе се одвива целиот процес од примање на порачката, па се до издавање. Рокот за започнување на ваквиот начин на прием и издавање на порачки е 14.09.2020. Дотогаш Ви стоиме на располагање за сите детали.

Нашето долгогодишно искуство го ставаме во функција на зачувување на Вашето здравје како и здравјето на нашите вработени.

Со почит, Тимот на Солопром.