Прашања и одговори

    Дали работните плочи се отпорни на гребење?

    Сите работни плочи (плотни) во нашиот асортиман, без разлика на производителот, се обложени со ХПЛ фолија. ХПЛ значи високо испресуван ламинат или материјал изработен од хартиени листови кои се импрегнирани со синтетски смоли, соединети под висок притисок и високи температури.

    Тие ги исполнуваат барањата за хигиена, отпорност на оган , отпорност на влага и голем број на механички квалитети како тврдост и отпорност на абење, удари и гребење, што ги прави да бидат долготрајни, лесно одржливи и отпорни на надворешни влијанија.

    Сепак, покрај ова Хпл-от не треба да се сфати како неуништлив материјал. Секогаш ќе постои нешто што ќе претставува исклучок на правилото. Затоа и производителите на работни плочи советуваат да не се користи остар предмет (како нож) или врел (како подножјето на тенџере извадено од шпорет), дирекно врз површината на плотната. За да не дојде до несакано оштетување потребно е да со постави специјална подлога и врз неа да се работи. Така ќе ја заштитите Вашата кујна и ќе го зголемите нејзиниот век.

    Дали мора да се купи цела табла на иверка?

    Иверките имаат широка примена во ентериерното уредување. Често кога нарачувате иверка од кај но, и при изработката на кројни шеми се случува Вашите потребни парчиња да ги собере во помала површина (како пола табла или помалку од ова).

    Солопром е флексибилна фирма со политика ориентирана кон доброто на потрошувачот. Вашето задоволство е награда за нас и мотив повеќе да се залагаме и пресретнеме Вашите барања.

    За максимално искористување на иверката Солопром го промени начинот на издавање на иверката. Доколку Вашите парчиња ги собере во пола табла, тогаш ќе си нарачате пола табла. Доколку парчињата искористуваат малку повеќе од цела табла, нема потреба да купувате цела, туку половинка и четвртинка.

    Во зависност од дебелината на иверката долу ќе го видите шематскиот приказ на издавање на иверката и сечење на парчињата од цела табла.

    ■ Иверките со дебелина од 16 мм, 18 мм покрај цела табла, се продава и на половинка која може да биде или по должина или ширина, и четвртинка.

    ■ Иверките со дебелина од 8 мм, 25 мм покрај цела табла, се продава и на половинка која може да биде или по должина или ширина.


    ■ Иверките со дебелина од 38 мм се продава само на цела табла.

    Дали имате свои мајстори за изработка на мебел?

    Солопром е фирма која се бави со продажба на репроматеријали за ентериери и врши услуги како, кроење, кантирање, разни обработки на ЦНЦ машина и др.

    Доколку сакате да опремите некој дел од Вашиот стан на вас останува да најдете архитект или дизајнер, столар или фирма која се бави со производство на мебел.

    Дали фарбате Медијапан (МДФ)?

    Во моментов немаме таква услуга. Засега ќе мора да најдете столар кој има искуство со обработка и фарбање на медијапанот.

    Услуги кои во моментот можеме да ви ги понудиме за медијапанот се:

    • кроење на таблата;
    • кружно сечење на ЦНЦ машина (ровер);
    • заоблување на ивиците на парчињата на ЦНЦ машина (ровер);
    • гравирање на шара на површината на парчињата и др.
    • 3D пластифицирање.

    Дали вршите испорака на скроениот материјал?

    Засега за подигнување на искроениот материјал мора Вие да обезбедите возило (кола, комбе, камион).

    Дали вршите услуга бушење на плотните за мијалници и електрични уреди?

    Веќе долго време во нашиот инвентар на машини е вклучена и ЦНЦ машина преку која извршуваме голем број на услуги како, кружно сечење, профилирање, бушење на шарки, и да, правиме отвори за мијалници или разни други електрични уреди.

    Колку се чека за издавање на цели табли, пола табла или четврт табла на иверка?

    Времето на чекање за издавање на таблите е исклучително брзо и не ја надминува границата од 30 минути.

    Секако, за налози со поголем број на табли времето на издавање може да се зголеми.

    Како се одржуваат гранитните мијалници?

    Правилното и редовно чистење овозможува долго да го сочуваме изгледот и функционалноста на гранитниот мијалник. За чистење користете исклучиво мека крпа и течен детергент. Може да користите и специјални средства за гранитни мијалници за кои произведувачот има наведено декларација дека не се абразивни.

    Се препорачува после користење мијалникот да се забрише со сува мека крпа за да се спречи настанување на флеки од водениот каменец на површината.

    Во случај да настанат флеки од воден каменец, може да се отстранат со 20% оцет, течен детергент и вода.

    За да избегнете настанување на флеки на површината на мијалникот, не дозволувајте подолго време да остане масло, храна, кафе, овошје, овошен сок, оцет, сенф и слично.

    Забрането е ставање тенџериња или други садови дирекно од шпорет затоа што температурата на нивното дно може да достигне и до 300 °С, и истите можат да предизвикаат трајни флеки и оштетувања.

    Потребно е повремено да го исчистите од каменец насобран кај сифонот. Наслагите кои се собираат околу тој дел може да предизвикаат неправилно функционирање на сифонот.

    Забрането е користење на сите хемиски средства кои не спаѓаат во кујнски како санитарните средства, белилата, алкохолот, бензинот, разни киселини, бази или абразивни средства за чистење.

    Забрането е користење на челични жици и груби сунѓери.

    Дали водо-отпорната иверка е за надворешна употреба?

    Пред да одговориме на прашањето, најпрво би сакале да го објасниме терминот „Водо-отпорна иверка“, бидејќи остава погрешен впечаток и слика.

    При процесот на производство на иверката во смесата, заедно со дрвните честички и лепакот, се додава и посебен адитив што на иверката и дава зеленкаста боја. Па затоа, за разлика од стандардните иверки, иверките кои го содржат овој адитив имаат поголема отпорност на влага. Оттаму и терминот „Водо-отпорна иверка“ треба да го замениме со „Влаго-отпорна иверка“.

    Вистинската намена на оваа иверка е во ентериерното уредување, поточно во купатилата или други затворени влажни места. Не се препорачува за надворешна употреба бидејќи водата може да навлезе длабоко во јадрото, дрвото да набабри за на крај да се распадне целата иверка.

    Насоки за одржување на CORIAN Solid Surface плочите

    Секојдневно одржување на Corian

    За секојдневно чистење, употребете сапунеста вода или секојдневни средства за чистење на површини. Отстранете го вишокот на детергент од површината со мека крпа, измијте ја површината со топла вода, а потоа пребршете ја со сува мека крпа. Доколку е потребно употребете микрофибер крпа и истријте ја површината со средство за чистење врз база на амоњак, потоа измијте со вода. Оваа процедура ќе ги отстрани повеќето нечистотија и флеки од површината или мијалниците.

    Секогаш чистете правејќи кружни движења, од напред до позади, а потоа и странично, водејќи сметка движењата да се преклопуваат се додека целата површина не е помината. Не употребувајте абразивни или ниско-абразивни чистачи врз високо сјајните или темните површини.

    Ве предупредуваме дека можна е појава на бигор доколу капките вода се остават да се исушат на површината. За да се спречи ова, многу е важно после секое миење или излевање површината целосно да се пребрише со чиста микрофибер крпа. Некои бои бараат почесто чистење со цел да се задржи изгледот на финишот.

    Како кај сите материјали, и на површината на Corian, со дневна употреба и правилна грижа и одржување, со време може да се појават абразивни флеки. За разлика од посветлите бои, кај темните бои полесно ќе бидат видливи овие гребнатинки, флеки и излитувања од дневна употреба. Ова не треба да Ве загрижува бидејќи може повторно да го вратите оригиналниот изглед на површината. Потребно е да ангажирате квалифицирано лице кое повторно ќе ја врати првичниот изглед на површината.

    Специјална грижа за тврдоглави дамки

    Некои тврдоглави дамки бараат потешко чистење. Следете ги препораките опишани долу ефективна да го отстраните овие дамки од површината и мијалниците на Corian.

    Оцет, кафе, чај, лимонов сок, сок од зеленчук, вештачки бои, кечап, изгореници од цигари, паста за кондури, мастило, маркет, јод, крв, црвено вино, парфем: Употребете навлажнета микрофибер крпа и ниско-абразивно средство за чистење (освен на високо сјајни или темни површини)

    Мрсни флеки: Употребете микро фибер крпа и истријте ја флеката со разредено белило. Измијте неколку пати со топла вода и исушете со мека крпа. Напомена: белилата може да ја излитат бојата од површината на Corian доколку целосно не се отстранат со измивањето со вода.

    Бигор, сапуница, минерали: Употребете микрофибер крпа и истријте ја флеката со стандарден отстранувач на бигор или оцет и оставете 2-4 минути. Потоа употребете втора, чиста микрофибер крпа со која ќе ја измиете површината со вода.

    Лак за нокти: Употребете микрофибер крпа и истријте ја флеката со отстранувал на лак за нокти кој не содржи ацетон. Измијте неколку пати со топла вода, а потоа со мека крпа исушете ја површината. Доколку флеката сеуште е видлива, повторете ја процедурата, овојпат употребете многу ситна шмиргла. Доколку флеката сеуште е видлива, повторете ја процедурата. Во случај да не може да ја отстраните флеката повикајте квалифицирано лице за проценка.

    Одржување на мијалниците

    Отстранете ги мрсните флеки од површината на мијалникот со употреба на детергент или средство за чистење на површини. Доколку е потребно, употребете ниско-абразивна крпа за чистење или сунѓер во комбинација со ниско-абразивно средство за чистење. Направете водена мешавина која вклучува ¾ течно домашно белило и ¼ вода и со спреј нанесете ја врз површината на мијалникот и оставете ја неколку часа или прекуноќ. Времетео на изложување не треба да е повеќе од 16 часа. Потоа измијте го исчистете го мијалникот со влажна крпа. Со многу мал напор ќе имате прекрасно чист мијалник.

    Дневно одржување на лавабоата, кадите, кабините за туширање изработени од Corian

    Едноставно исчистете ја површината со сапунеста вода или било каков вообичаен детергент со цел да се отстранат повеќето дамки и нечистотија. Употребете детергент заедно со ниско-абразивна крпа или сунѓер. На овој начин ќе го одржите оригиналниот матиран финиш. Некои супстанци како мастило, козметика и лакови можат да ослободат боја врз површината после продолжен контакт. Ваквите дамки може лесно да се отстранат следејќи ги специјалните инструкции за тврдоглави дамки.

    Одржување на ростфрајните мијалници?

    Нерѓосувачкиот челик 18/10 е материјал кој овозможува обработки со голема убавина, квалитет, хигиена и отпорност. Одржувањето и чистењето со соодветни средства и вистински процедури се од голема важност особините на овој материјал да останат непроменети.

    За подобро зачувување на Вашиот мијалник потребно е:

    • Убаво да се исчисти мијалникот после секоја употреба со вода, сапун или неутрален детергент. Сушењето е екстремно важно. Затоа употребете мека крпа.
    • Не сечете ништо врз површината на мијалникот.
    • Не оставајте сунѓери, метални предмети, гумени ракавици, детергенти или киселини за чистење, ниту остатоци од храна врз мијалникот. Продолжената изложеност може да доведе до корозија.
    • Не оставајте топли предмети како, тенџериња или тави врз мијалникот.

    ВАЖНО: Во некои случаеви нерѓосувачкиот челик може да ги загуби своите својства, не поради неговиот квалитет, туку поради неправилно следење на процедурите за чистење и одржување.

    Мерки на претпазливост за CORIAN Solid Surface плочите

    Како да спречите трајно оштетување

    Следете ги овие насоки за да спречите трајно оштетување на површината на Corian или мијалниците.

    Избегнувајте употреба на силни хемикалии на површината, како на пример, разредувачи на мрсни бои (нитро разредувач), средства за чистење на рерни, киселини, ацетон и друго. Доколку дојде до излевање на некои од хемикалии, веднаш измијте ја површината со вода додека целосно не се отстрани хемикалијата.

    Не чистете со употреба на агресивни хемикалии како ацетон, средства за чистење на ререни, разредувачи, силни киселини или силни бази, или индустриски детергенти или разредувачи на мрсни бои. Доколку дојде до излевање на некои од хемикалии, веднаш измијте ја површината со вода додека целосно не се отстрани хемикалијата.

    Не употребувајте шпакли за гребење, челични четки или други метални средства за отстранување на дамки, бои, лепила или други супстанци. Во случај на тешко оштетување повикајте квалифицирано лице да изврши проценка и, доколку е возможно, санирање на оштетувањето.

    Спречување на оштетување од топлина и сечење

    За да ја зашитите Вашата Corian плоча многу е важно да се намали директна изложеност на топлина. Секогаш употребувајте топлински заштитни подлоги, дрвени или жичани подлоги или оставете ги жешките садови врз рингите на шпоретот најпрво да се оладат. Никогаш не положувајте жешки садови директно на Corian плочите или мијалникот. Како и кај другите типови на мијалници, посипување на мијалникот со врела вода може да го оштети.

    Никогаш не сечете диретно на површината, секогаш употребете дрвена или стаклена даска за сецкање.

    Кои се особините на CORIAN Solid Surface?

    Од неговото претставување во 1967 година, Dupont Corian се докажа како издржлив материјал со разноврсна примена во домашните и во јавните средини. Сепак перформансите на овој материјал може да зависат од дебелината на плочите, дизајнот и финишот на површината.

    Боите и шарите преминуваат преку целата површина и дебелина на материјалот и не можат да излитат. Споевите помеѓу плочите може да се залепат и да бидат скоро невидливи, што овозможува неограничена големина на површината.

    Површината на Dupont Corian може да се обнови со употреба на стандардни ниско-абразивни средства за чистење.

    Површината на Corian е непорозна со мазен изглед. Со правилно одржување материјалот спречува појава на мувла и бактерии.

    Површината на Corian е нетоксична и не создава алергии кај луѓето.

    Во случај на оган, Corian ослободува јаглеродни оксиди и чадот кој се создава е блед и не содржи токсични гасови.

    Плочите Dupont Corian може да термоформираат (да се обликуваат со помош на висока температура) во дрвени или метални калапи на контролирани температури со цел да се постигнат различни 2D и 3D дизајни.

    Полу-провидноста на материјалот е исклучително изразена кај светлите бои, но и кај потенките плочи. Поради ова, многу дизајнери ја користат оваа особина да направат разни осветлувачки ефекти и расветни панели/ѕидови.

    Што е Corian Joint Adhesive лепилото?

    Состав на лепилото

    Corian Joint Adhesive е лепило на метакрилна база, не растекува и овозможува одлична врска за плочите Corian. Достапно е во полнење од 50mL и во различни бои координирани со боите на плочите Corian. Наменет е за брза врска помеѓу два материјала со ист состав. Не е наменет за врска помеѓу два различни материјали, освен во случај материјалите да се одобрено од DuPont.

    Употреба и складирање на лепилото

    Лепилата се оптимизирани за употреба на собна температура. Ниската температура ќе го продолжи времето и степенот на залепување, додека високата температура ќе го забрзаат времето и степенот на залепување.
    За подолго времетраење, лепилото треба да се складира во добро провертена просторија, на темно. Препорачаната температура на складирање на лепилото е 5-23°С. Изложеноста на повисоки температури го намалуваат времетраењето на лепилото. Да не се складира во фрижидер.

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

    Лепилото е запаливо. Да се чува настрана од топлина, искри, отворен огон и други извори на оган. Треба да се употребува само во добро проветрени простории.

    Што е CORIAN Solid Surface?

    Dupont Corian Solid Surface е цврст, непорозен и хомоген материјал, чиј состав содржи околу 1/3 акрилна смола (позната како полиметил метакрил или PMMA), и околу 2/3 природни минерали. Овие минерали се сочинети од алуминиум трихидрат (АТН) кој е производ добиен од боксит, руда од која се црпи алуминиум.

    За што се употребуваат CORIAN плочите и места на примена?

    Dupont Corian е композитен производ со напредни особини кој се употребува како материјал во мноштво архитектонски и ентериерни решенија, како во домашните така и во јавните средини. Coriаn нуди разноврсност при дизајнирањето, функционалност и издржливост. Се обработува со конвенционални алати и машини во столаријата и може да се обликува во било која форма. Најчесто се употребува како работна површина, ѕидна облога и мијалник во кујните, во купатилата како лавабо или ѕидни облоги во туш кабините, а покрај домашниот сектор наоѓа голема примена и повеќе јавни сектори, како здравството, банките, ХОРЕКА, бутиците и друго.

    Која е разликата помеѓу плотните со влаго-отпорно и стандардно јадро?

    Разликата помеѓу влаго отпорните и стандардните плотни е во нивното јадро. Јадрото на стандардните плотни е спој на лепила и дрвни честички обликувани со употреба на притисок, оплеменети со ХПЛ фолија. Додека јадрото на влаго отпорните плотни оди чекор понапред со вклучување на адитив што го штити од одреден степен на влажност.

    Често се случува оваа позитивна особина да биде помешана со водо отпорност. Што во овој случај тоа би било непријатно искуство за корисникот.

    Да не заборавиме, површината на ХПЛ фолијата целосно е водо отпорна и не пропушта водата да навлезе во јадрото. Опасноста постои доколку водата дојде кај споевите (како на искантираните страни, или отворот на мијалникот). Доколку веднаш не се интервенира и не се избрише водата од тие места може да дојде до набабрување на јадрото.

    Нашиот обемен асортиман на плотни вклучува плотни со стандардно јадро но и такви со влаго отпорно. При избор на плотна за Вашата кујна може да дојдете во искушение да се откажете од шарата на плотната само затоа што била изработена со стандардно јадро. Не го правете ова! Затоа што една промена со себе повлекува втора, па трета и крајниот резултат секогаш ќе биде спротивен од првичната замисла. Доколку сте цврсто убедени дека Вашата кујна треба да содржи влаго отпорна плотна без разлика дали шарата се вклопува во дизајнот или не, слободно вградете таква. Но, доколку ја одбравте Вашата совршена шара и се фатите себе си дека го менувате мислењето, застанете за миг и сетете се, дека дури и стандардната плотна со правилно користење и одржување може да трае со години.

    Која дебелина е иноксот на мијалниците и со кој квалитет е?

    Кога ќе одлучите да купите мијалник од ростфрај и го посетите нашиот салон најпрво ќе забележите дека поседуваме голем избор, потоа ќе го забележите нивниот облик и на крај ќе ја забележите разликата во цена.

    Може да забележите дека постои и разлика во цена помеѓу мијалници со слична форма (пр, мијалник со една дупка и одмаралиште)

    Зошто се јавува таа разлика?

    Тоа е поради дебелината на материјалот (ростфрајот) и начинот на производство. Ќе забележите дека мијалниците со плитки корита се изработени од тенок ростфрај (0,5 мм), затоа и овие мијалници се најевтини.

    Веќе сфаќате дека мијалниците со најдлабоки корита (220 мм) користат најдебел ростфрај (0,8 мм) и затоа цената им е повисока.

    Да не дојде до забуна, ростфрајот е со ист квалитет кај сите мијалници. За изработка користен е секогаш сигурниот и проверен ростфрај 18/10, кој може да биде во полирана, мат и декор варијанта.

    Од кои производители продавате оплеменета иверка, која е димензијата и дебелината на таблите?

    Бидејќи носиме иверка од повеќе производители разбирливо е дека и нивната димензија би се разликувала.

    Kronospan Lapovo: 2750 х 2070 ( за 8 мм, 16 мм, 18 мм, 25 мм )

    Kronospan Jihlava: 2800 х 2070 ( само за 38 мм)

    Pfleiderer Wodego: 2655 х 2100 (за 8 мм, 16 мм, 18 мм, 25 мм, 38 мм)

    Pfleiderer Thermopal: 2750 х 2050 ( за 16 мм, 18 мм )

    Pfleiderer Duropal: 4100 х 1300 ( само за 17,6 мм )