Нашиот производ е големопродажба, дистрибуција и малопродажба на сите сегменти на материјали за изработка на мебел и ентериери, како и комплетниот сегмент на услуги на доработки до фаза на полупроизводи.

ИСТОРИЈА

Солопром д.о.о. е основана во 1991 год. Со своето основање Солопром го промовира новиот концепт на продажба и услуги во дрвната индустрија на македонскиот пазар, со пионерска имплементација на бизнис концептот СЕ НА ЕДНО МЕСТО. Со тоа станавме промотори на овој бизнис концепт на македонскиот пазар, фокусирани на сегментот на средна до висока класа на материјали и производи.

Во 1998 год.концептот го дополнивме со услуги на доработка на плочести матерјали, односно кроење , кантирање и ЦНЦ услуги до фаза на полупроизвод .

Во 2004 год. , Солопром отвори уште едно продажно место – специјализиран дистрибутивен центар за големопродажба, на 20км од Скопје, на автопатот Скопје-Гевгелија. Овој проект ги пресретна барањата од страна на локалните дистрибутери и големи клиенти, кои се лоцирани надвор од Скопје.

Во периодот од 2007 до 2009 год .ги проширивме капацитетите на двете локации со доградба на нови магацински капацитети, како и имплементација на најсовремена технологија во сегментот на услугите за доработка и полупроизводи.

Во 2011 год., беа направени првите чекори на нашата најнова инвестиција, под проектно име “Солопром Архитект Спот”, која подоцна прерасна во новиот бренд на Солопром, под името Витрина. Во Октомври 2012 год., Витрина започна со работа, на локација во јадрото на Скопје, како место кое нуди нови декоративни и технички материјали, што ќе им овозможи на архитектите, дизајнерите и сите креативци, инспирација и реализација на нивната креативност во уникатни ентериери од висока класа.

Работно време:
Понеделник: 08:00-17:00
Вторник: 08:00-17:00
Среда: 08:00-17:00
Четврток: 08:00-17:00
Петок: 08:00-17:00
Сабота: 08:00-13:30
Недела: Затворено

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Особено внимание посветуваме на постојана едукација и мотивација на вработените за подобро извршување на работните задачи, како и за заштита на животната средина, заради зголемување на вредноста кон потрошувачите, вработените и општеството во целина.
Нашата компанија, активно ја подржува културата преку овозможување на услови за остварување на:

  • дел од целите на одредени културни настани (Македонска Опера и Балет, КУД Танец, Design Week, Млада Македонска Асоцијација на Магионичари …);
  • го подржува спортот ( македонската одбојкарска репрезентација );
  • учествува во хуманитарни проекти ( СОС Детско Село, Меѓаши …).

KОН ИДНИНАТА

Нашите цели, вредности и имиџот на модерна и флексибилна компанија, способна за справување со глобалните предизвици, ги градиме врз база на долгорочен партнерски однос со нашите клиенти. Продолжуваме со понатамошен развој и подобрување на процесите, производите и услугите, како и со континуирана промоција на нови производи на македонскиот пазар.

БРЕНДОВИ

  • AGT – Турција
  • Albatur – Турција
  • Amig – Шпанија
  • Asa Plastici – Италија
  • Batu Design – Турција
  • Bellanda – Италија
  • Burak – Турција
  • Cafim – Италија
  • Dekodur – Германија
  • Digitel – Србија
  • Domus Line – Италија
  • DuPont – САД
  • Emuca – Шпанија
  • Eroglu – Турција
  • Falco – Унгарија
  • Falmec – Италија
  • Gamet – Полска
  • GGA – Италија
  • GiPlast – Италија
  • Giusti – Италија
  • Grass – Австрија
  • Harn – Малезија
  • Holz In Form
  • Incoll – Кина
  • Inoxa – Италија
  • Kaindl – Австрија
  • Kronospan – Германија
  • Kulac – Турција
  • Mesan – Турција
  • Metalimpex – Словенија
  • Pfleiderer – Германија
  • Prestige – Полска
  • Proal – Италија
  • Rehau – Италија
  • Renolit – Германија
  • Richter – Германија
  • Rodi – Португалија
  • Rujzdesign – Словенија
  • Salice – Италија
  • Sambeat – Шпанија
  • Sauerland Spanplatte – Германија
  • Securitel – Италија
  • Servetto – Италија
  • Sm-Art – Италија
  • System Holz – Италија
  • Tece – Турција
  • Telma – Италија
  • Topstar – Италија
Close Кошничка
Close

Close
Категории