Нашиот производ е големопродажба, дистрибуција и малопродажба на сите сегменти на материјали за изработка на мебел и ентериери, како и комплетниот сегмент на услуги на доработки до фаза на полупроизводи.
НАШИОТ ПРОИЗВОД
НАШАТА ИСТОРИЈА
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Особено внимание посветуваме на постојана едукација и мотивација на вработените за подобро извршување на работните задачи, како и за заштита на животната средина, заради зголемување на вредноста кон потрошувачите, вработените и општеството во целина. Нашата компанија, активно ја подржува културата преку овозможување на услови за остварување на:
– дел од целите на одредени културни настани (Македонска Опера и Балет, КУД Танец, Design Week, Млада Македонска Асоцијација на Магионичари …);
– го подржува спортот ( македонската одбојкарска репрезентација );
– учествува во хуманитарни проекти ( СОС Детско Село, Меѓаши …).
KОН ИДНИНАТА
Нашите цели, вредности и имиџот на модерна и флексибилна компанија, способна за справување со глобалните предизвици, ги градиме врз база на долгорочен партнерски однос со нашите клиенти. Продолжуваме со понатамошен развој и подобрување на процесите, производите и услугите, како и со континуирана промоција на нови производи на македонскиот пазар.
БРЕНДОВИ
Солопром е насочен на Македонскиот пазар да донесе материјали и оков од висок ранг, современи решенија кои ги опфаќаат сите стилови на внатрешното уредување. За таа цел имаме партнерски односи со реномирани брендови од целиот свет, но секогаш сме во потрага и по нови брендови чии производи ќе ја доловат визијата на секој архитект, дизајнер и индивидуалец.