КИСЕЛА ВОДА МАЛОПРОДАЖБА И УСЛУГИ

По период изминат во внимателно планирање и разгледување на разни решенија, Солопром повторно се појави со проект за уште една подружница. Овојпат со новиот магацин и погон ја прошири својата дејност и услуги на подрачјето на Кисела Вода.

Подружницата Кисела Вода започна со работа на 16 Јуни 2014 година. Фокусирана на малопродажбата и понуда на услуги, замислена е како алатка на сите столари и производители на мебел која ќе им помогне побрзо и поефикасно да ги завршат своите проекти. Вниманието ексклузивно ќе биде насочено кон прифаќање и изработка на нарачки за кроење и кантирање на плочест материјал, како и товарање на предвреме подготвена роба и оков.

При припрема на проектите, за избор и споредба на бои, избор на декоративен и функционален оков, сите столари и производители на мебел со своите странки можат да го користат изложбениот салон во Бутел 1.

БУТЕЛ 1 МАЛОПРОДАЖБА, ИЗЛОЖБЕН САЛОН И УСЛУГИ
ВИТРИНА
Close Кошничка
Close

Close
Категории