Нашиот производ е големопродажба, дистрибуција и малопродажба на сите сегменти на материјали за изработка на мебел и ентериери, како и комплетниот сегмент на услуги на доработки до фаза на полупроизводи.
За сегментот на услуги, а во склоп на малопродажниот сектор, Солопром одвои значително место за изградба на производствен погон. Го опреми со најсовремени технолошки машини за обработка на дрвни материјали како и обучен персонал кој секогаш внимава на квалитетот што излегува од машината со која ракуваат.
Ова се услугите кои ги нудиме:
Кроење на плочести материјали (иверки, медијапани, лесонити,..).
За да се постигне оваа цел донесовме три машини за кроење. Опремени со софистициран компјутерски систем постои малку простор за грешка, а материјалот што излегува секогаш е прегледуван од лицето кое го набљудува кроењето. За постојаниот квалитет на кроењето, машината постојано се надгледува и одржува и секогаш се води грижа истата да работи со остри пили.
Кантирање на кроените материјали.
На располагање имаме две катерици. Во случај на зголемена работа вклучени се и двете со цел да се спречи застој во работата. Кантериците се многу деликатни машини. Чувствителни на најмала промена на површината на материјалот што го обработуваат и затоа е потребно константно набљудување. Стручни лица во нашиот персонал се грижат да не се појави производ кој не ги исполнува стандардите за квалитет. Сето ова надополнето со постојаните интерни обуки кои само повеќе ја зголемуваат стручноста на одговорните лица, а со ова и квалитетот го одржуваме на високо ниво.
Доработки на ЦНЦ машина.
Од најобично кружно сечење на материјалот (и кружно кантирање) до најсофистицирано профилирање, едноставно пребушување на шарки или перфорирање,.. Ова е само мал дел од големиот број на можности кои ги нуди оваа машина.